Експлозија во станбена зграда во Австрија, пожарникарите во обид да спасат повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во една станбена зграда во местото Лангенцерсдорф во Долна Австрија, утрово се случила силна експлозија.

Пожарникарите бараат повредени во зградата, а засега пронашле три повредени лица.

Засега целосно е нејасно колку лица се наоѓаат во зградата.

Според портпаролот на пожарникарите Франц Респергер, пожарот ги зафатил третиот и четвртиот кат од зградата. Пожарникарите при доаѓањето за затекнале зградата во пламен, и 150 пожарникари водат борба против пожарот.

Респергер истакнал дека внатрешноста на зградата е опасна, и пожарникарите делуваат од надворешната страна, затоа што постои можност од уривање.