Експлозијата во Бејрут не е прва во која предизвикувач е амониум нитрат – ова се најсмртоносните несреќи поврзани со оваа супстанца

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во вторникот на пристаништето во Бејрут експлодираа 2.750 тони амониум нитрат, усмртувајќи најмалку 100 луѓе, додека пак 4.000 се повредени.

Половина од зградите во градот е уништена, а болниците се преполни, соопшти гувернерот на Бејрут. Според изјавата на либанскиот премиер, амониум нитрат шест години бил во небезбедно складиште.

Хемикалијата NH4-NO3 e многу експлозивна, а се користи во производнството на ѓубриво и динамит. Експлозија се создава откако амониум нитрат ќе дојде во допир со пожар.

Ова не е првата експлозија чија причина е амониум нитрат, во текот на историјата дошло до неколку несреќи кои се поврзуваат со оваа хемиска супстанца.

Тијанџин 2015 година:

Две големи експлозии се случија на 12 август 2015 година во индустриските складишта на овој град во Кина. Во експлозијата и пожарот кои биле предизвикани загинале 110 припадници на службата за спасување, како и 55 жители и работници. Повеќе од 790 биле повредени, а осум тела не се пронајдени.

Според официјални информации, експлозијата ја предизвикала запалива роба која била сместена до опасни материи, меѓу кои бил и амониум нитрат.

Рјонгчон 2004 година:

Возила натоварени со амониум нитрат и железнички цистерни со течно гориво ја „кренаа“ во воздух железничката станица во севернокорејскиот град во април 2004 година.

Најмалку 162 лица се загинати, а повеќе од 3.000 се повредени . Во ударниот талас уништени се околните згради и илјадници луѓе останале без кров над глава.

Медиумите шпекулираат дека зад експлозијата стои „завера за убиство“ од тогашниот лидер Ким Џонг Ил, кој бил во возот кој тој ден требало тука да помине.

Тексас Сити 1947 година

16 април 1947 година во заливот Галвестон кај пристаништето во Тексас Сити се случила најлошата индустриска несреќа во историјата на САД. Се започнало кога некој фрлил цигара на бродот „SS Grankan“, регистриран во Франција, кои превезувал 2.300 тони амониум нитрат.

Експлозија на бројот предизвикала верижна реакција, па експлодирале и други бродови кои стоеле на пристаништето, како и блиската рафинерија за нафта. Загинале 581 лице, а повредени биле околу 3.500. Експлозијата зафатила и два авиони во лет.

Германија 1921 година:

На 21-ви септември 1921 година, во фабриката BASF во Опау дошло до експлозија на 450 тони амониум сулфат и амониум нитрат.

Загинале од 500 до 600 луѓе, а тешко повредени околу 2.000 луѓе.

Експлозијата се почувствувала на километарска далечина, дури до Франкфурт и оставила кратер на местото на самата експлозија.

Кент 1916 година:

На 2 април 1916 година, се случила силна експлозија во фабриката во близина на Фиверсхам, Велика Британија, каде избувнал пожар во блискиот магацин, откако експлодираа 25 тони експлозив ТНТ и 700 тони амониум нитрат. Во експлозијата загинаа 115 мажи и момчиња кои работеле во фабриката.