Електронскиот дневник во мобилните на родителите – што со употребата на мобилните телефони за време на часот?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од сега па натаму не треба да одите до училиште за да видите дали вашето дете има добри оценки или не, или дали отсуствува од часовите.

Со симнување на оваа апликација на мобилните телефони, родителите или класните раководители преку електронскиот дневник можат да го следат образовно-едукативниот процес а децата.

Ваквата форма на користење на мобилните телефони е олеснување за родителите, но што ќе се направи за употребата на мобилните телефони за време на наставата, нешто што им го одвлекува вниманието на учениците од наставата. Вели дека се прават анализи за ова прашање.

Јаневска додаде дека училиштата се во надлежност на општините и тие заедно со директорите ја носат одлуката за мобилните телефони во училницата!

Потсетуваме, општина Центар соопшти дека успешно се спроведува иницијативата за забрана на мобилни телефони за време на наставата. Општина Аеродром издаде и препорака учениците од прво до деветто одделение во сите основни училишта да не поседуваат или користат мобилни телефони за време на наставата.