Емилија Розман ќе ја претставува Македонија на Мис на светот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Агенцијата „Мис М“ на Лидија Велковска, интерно ја избра 23-годишната студентка од Скопје да се натпреварува за најпрестижната титула за убавина

Дваесет и тригодишната Емилија Розман ќе ја претставува Македонија на изборот „Мис на светот“, кој ќе се одржи од 21 ноември до 19 декември, во Санија, на прекрасниот кинески остров Хајнан. Конечната одлука за наш претставник ја донесе Лидија Велковска, сопственичка на агенцијата „Мис М“, која е овластен организатор на изборот „Мис на Македонија за Мис на светот“.
Начинот на избор на Велковска не е изненадување за никого, особено ако се имаат предвид скандалите кои ја следеа во изминатите години. Како и да е, оваа година ја имаме убавата Емилија Розман, апсолвент на дефектологија и студент и на катедрата за шпански јазик и литература при Филолошкиот факултет во Скопје, модел, крводарител и активист на Црвениот крст.

error: Content is protected !!