Победата над Италија е емоција што не се опишува. Ова беше првата реченица на фудбалерот Енис Барди во интервју за ТВ21 по историската победа синоќа во Палермо.
„Тоа е емоција што навистина не можам да ја опишам. Многу сме возбудени. Има уште еден натпревар, тоа е финалето каде ќе се соочиме со Португалија. Сè уште сме со таа еуфорија на играта и не знам што повеќе да кажам. На моите пријатели им ја честитам победата и да продолжиме со пишување историја“, истакна Енис Барди.
-Сега кога се соочуваме со Португалија, што очекувате, дали мислите дека можеме да ги победиме и нив?
„Се надевам, да одмориме, да ја повратиме силата за да ја анализираме оваа игра бидејќи навистина не го очекувавме овој резултат, нормално верувавме до крајот, но беше тешко. Сега треба да анализираме и да се подготвиме за Португалија“, додава Енис Барди.
-Се соочуваме со Роналдо. Дали е тоа посебна емоција за тебе како фудбалер.
„Да нормално е емоција на секој натпревар со играч од ваков тип има емоции. Но, ова со Италија можам да кажам дека е најемотивниот натпревар што сум го доживеал откако сум дел од македонската репрезентација“, вели Барди.
Со голот на Трајковски од далечина во 92. минута синоќа македонската фудбалска репрезентација ја совлада Италија со 1-0 во полуфиналето од плеј-офот. Сега на 29 март не очекува следниот натпревар против Португалија. Ова ќе биде клучно, бидејќи победникот ќе се квалификува за Светското првенство во Катар 2022 година.
