Изминативе години е забележана енормна загаденост во главниот град. Дали некој се грижи за здравјето на граѓаните?
На ова прашање во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговор ни даде градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Таа вели дека единствен кој се грижи за граѓаните во Скопје е Градот Скопје.
„Мене ме импонира што во Македонија јас сум најнапаѓаниот човек, жена во случајов, и ме импонира тоа што очекуваат политичари дека јас ќе ги решам сите проблеми кои тие не ги решиле“, вели Арсовска.
Арсовска вели дека резултатите се мерливи и еден човек може да даде се од себе, но доколку еден гради а 10 рушат – вие сепак останувате со проблем.
„Од почетокот на мандатот исчистивме 220 диви депонии“, вели Арсовска и додава дека тие не се нивна надлежност.
Во продолжение целата изјава: