Веќе една недела муслиманите постат.
Рамазан за муслиманските верници е месец на прошка и солидарност. Теологот Зекирија Бајрами во Клик Плус рече дека постот едуцира и дека не треба да се пости само без храна, туку и од лошите навики и озборувањето.
„Не е пост само ако не јадеме и не пиеме, има многу случаи кога ние постиме од нештата кои се дозволени, но не постиме од тие кои се забранети, како што се озборувањата, клеветите, злото. Значи, постот ги едуцира муслиманите и да се потсетат на сиромашните“, вели Зекирија Бајрами.
Месец Рамазан две години по ред е во време на пандемија. Теологот, Бајрами раскажува дека и за време на пророкот Мухамед имало епидемија и како тоа се менаџирало.
Епидемија имаше и во времето на Мухамед?
„Да имаше и во времето на пророкот и тоа четиво на пророкот го спомнале и претседатели на држави. Замислете во 7 век посланикот на Господ, Мухамед кажал: кога ќе слушнете, кога ќе дознавате дека во некое место има епидемија, не влегувајте на тоа место, не одете, ќе се заразите со таа болест, а тој што е на тоа место, забрането е да излегува од таму“, посочи Зекирија Бајрами.
Оџата вели дека Рамазан без вечерната рамазанска молитва е гушење за муслиманите, но од еден аспект тоа е добро бидејќи верниците се молат дома со нивните семејства.
„Многу од луѓето велат оваа година нема вечерна молитва, не е дека нема, има но се прави дома, вечерна молитва нема во Џамија меѓутоа тоа е добро од еден аспект бидејќи муслиманите ќе бидат со семејството за вечерната молитва“, додава Зекирија Бајрами.
Муслиманските верници ќе постат до 12 мај, а на 13 мај го слават празникот Фитр Бајрам со што се завршува постот.
