„Само за да се избегне користењето на водата од чешма. Вака се послужува денес бурекот во една бурекчилница во Гостивар – со пластични чинии и пластичен прибор за јадење“, пренесува репортерот на ТВ21, Сенад Зилбехари.
Сопственикот на бурекчилницата вели дека на овој начин се обидуваат да ги почитуваат препораките што ги издале надлежните институции.
„Колку што сме информирани, има забрана за миење чаши и чинии. Затоа одлучивме да послужуваме со пластични чинии и пластичен прибор, бидејќи сметаме дека тоа е најбезбедниот начин. Се надеваме дека во иднина ќе ја надминеме оваа состојба“, вели сопственик на бурекчилница.
Граѓаните со кои разговаравме дојдоа да земат вода за пиење обезбедена од Општината и Владата. Велат дека од страв не ја користат водата од чешма ниту за миење раце, ниту за туширање. Сепак, потврдуваат дека има доволно вода за пиење.
„Вода немаме, ни ја носат во шишиња. Нѝ ја носат во шишиња или со цистерни, ја земаме и ја користиме дома, но ни рацете не смееме да ги миеме со водата од чешма“, вели жител на Гостивар.
Новинар: „Се туширате ли со водата од чешма?“
Жител: Не, какво туширање! Ни рацете не смееме да ги миеме, а не пак да се тушираме… ништо. Такви се околностите и мора да ги почитуваме правилата. Строго е забрането.
Жител: Ме боли душата за младите, да не добијат некоја болест…
Жител: Воопшто не ја користиме. Користиме купена вода или полниме вода од јавните чешми, тоа е сè.
Препораките на надлежните институции остануваат непроменети – водата од чешма во Гостивар да не се користи ниту за пиење, ниту за миење. Во градот и понатаму е во сила кризната состојба, откако пред пет дена официјално беше прогласена епидемија.
