„Епл“ и „Хјундаи“ ги здружуваат силите – наскоро можно финализирање на договор за самоуправувачки електричен автомобил

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Регистрирани 190 нови случаи на Ковид 19 – починати се 6 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи...

Бројот на жртвите од земјотресот во Индонезија се искачи на 82

Индонезиските спасувачи извлекоа повеќе тела од урнатините на куќите и зградите уништени од силниот земјотрес денес, а бројот на...

Руски брод потона кај Турција: Двајца загинаа, 5 спасени морнари! (ВИДЕО)

Најмалку пет лица беа спасени, а две загинаа откако 13-член руски товарен брод потона денес покрај брегот на турската...

Хорор во Крапош: Ја заклучувал малолетната ќерка – МВР упадна во станот

На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен...

Тешка кражба во скопски трговски центар – МВР приведе две лица

На 16.01.2021 во 14.00 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош лишиле од слобода две малолетни лица...

Јужнокорејскиот производител на автомобили „Хјундаи“ и американскиот технолошки гигант „Епл“ наскоро би можеле да го финализираат договорот за производство на самоуправувачки електрични автомобили, а лансирањето на производствените линии се очекува за три години, пренесуваат јужнокорејските медиуми.

Преговорите меѓу двете компании се во полн ек, и се очекува конечен договор до март оваа 2021 година. Се наведува и дека автономните возила ќе се произведуваат во фабрика во САД, со која ќе управува подружницата на „Хјундаи“ – „Киа моторс“.

Тие планираат да пуштат околу 100.000 возила на пазарот во 2024 година, три години порано од претходно најавеното.

Веста за потенцијалното спојување на двете компании предизвика остар скок на акциите на „Хјундаи“, од околу 20 отсто во петокот, со што се зголеми нејзината пазарна капитализација за околу осум милијарди долари.