„Ера“ ги допре емоциите на публиката во Скопје: Филмот на Партa Кељменди ги враќа спомените од 90-тите години во Косово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Емоција, носталгија, сочувство и храброст.

Ова беа најчесто споменуваните зборови за филмот „Ера“ на режисерката Партa Кељменди, чија премиера се одржа синоќа во Скопје.

Уште во првите минути, публиката сфати дека ова не е само филм, туку жива меморија од 90-тите во Косово.

„Човекот е создаден да заборава, но благодарност на уметноста што не потсетува на работите што сме ги преживеале како народ и не потсетува да бидеме посвесни, да се цениме повеќе едни со други“, вели Сабина Мемиши.

Прашање: Ако би го опишале филмот со три збора, кои би биле?

Мемиши: Емоционален, семеен и чувствителен.

„Реално, сите што бевме во салата ми се чини останавме така по филмот… и ни остави исклучително добар впечаток. Верувам дека е филмски жанр кој навистина нè учи и нас, кои можеби не сме живееле во тој период, да ја разбереме подобро состојбата во тоа време во Приштина, во Косово воопшто“, изјави Вилдане Абази.

Режисерката Партa Кељменди објасни дека овој проект произлегол од потребата да се разбере минатото, со цел да си објасни на себеси, но и на општеството зошто сме тоа што сме.

„Сметам дека сме народ кој поминал низ многу тешки ситуации, ние сме многу силен народ, имавме голем отпор, и сè што сме поминале до денес — можевме да го надминеме, а можеме да надминеме и сè друго. Силата е таа што нè прави посебни“, вели режисерката Парта Кељменди.

За да го реализира филмот, Кељменди вели дека ѝ биле потребни 5 години интензивна работа, но додава дека резултатот е подобар отколку што го замислувала.

„Проектот го добив на Косовскиот кинематографски центар во 2017 година, така што поминаа многу години од тогаш. Особено последните 5 години беа интензивна работа. Не успеваш секогаш да го донесеш токму тоа што го имаш замислено, но многу работи излегуваат и многу подобро отколку што си мислел, затоа што на сет се случува магија — кога работиш со тим, секој дава свој уметнички придонес“, вели режисерката Парта Кељменди.

Филмот „Ера“ наскоро ќе започне да се прикажува и во Cineplex во Скопје. Филмот веќе доби меѓународни пофалби и беше дел од Официјалната селекција на Brooklyn Film Festival. Премиерата ќе продолжи да се прикажува и во неколку европски земји.