Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ја прифати поканата на руските власти да присуствува на самитот на БРИКС во Казан, соопшти помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
„Предлогот беше пренесен на турската страна, Ердоган го прифати“, изјави Ушаков за руските медиуми.
Претходно Блумберг објави дека Турција поднела барање за приклучување кон БРИКС. Како што беше најавено, Анкара е разочарана од недостигот на напредок во напорите за влез во ЕУ и на овој начин Турција настојува да го зајакне своето влијание во светот и да ги прошири врските со земјите во развој.
Според Блумберг, одлуката на Турција да се приклучи на БРИКС доаѓа делумно по одредено заладување во односите со Западот, што се случи откако Турција одлучи да остане во добри односи со Русија.
Самитот на БРИКС ќе се одржи од 22 до 24 октомври годинава во Казан.
