Ердоган од Белград: Мирот и стабилноста на Балканот е значаен за сите нас

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, е во Белград, каде денеска имаше средба со српскиот колега Александар Вучиќ. Разговараа на повеќе теми, а Ердоган кажа дека значајно е да се има мирен и стабилен Балкан.

„Со господинот Вучиќ го подвлековме значењето на мирот и стабилноста на Балканот“, рече Ердоган.

„Она кое во моментов се случува на Блискиот исток, беше тема. Крајно време е да бидат запрени нападите на Израел. Би ги охрабрил официјално да ја прифатат Палестина како држава. Во текот на билатералните разговори се фокусиравме на политички, економски и туристички теми, исто како и теми во врска со одбраната“, рече Ердоган.