Ердоган поднесе тужба против холандскиот пратеник кој го нарече „терорист“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, поднесе тужба против холандскиот пратеник Гирт Вилдерс поради твитовите против него, вклучувајќи го еден во кој го нарекува „терорист“.

Адвокатот на Ердоган денеска поднесе кривична пријава против Вилдерс во основното јавно обвинителство во Анкара поради „навреда кон претседателот“, кривично дело за кое во Турција се лежи во затвор и до четири години.

Вилдерс, кој важи за антиисламски политичар, објави карикатура на која Ердоган има шешир налик на бомба и со коментар „терорист“.

Вилдерс продолжил да објавува твитови, и покрај заострените односи на Турција и земјите членки на ЕУ, особено по коментарите кои Ердоган ги упати кон францускиот претседател Емануел Макрон.