Ердоган разговараше со Путин за билатералните односи, особено за Блискиот Исток

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за регионалните прашања и билатералните односи, а особено за развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, пренесоа турските медиуми.

Тие изразија подготвеност за понатамошна блиска соработка и се договорија да одржат посебна средба на самитот на БРИКС во Казан, соопшти прес-службата на Кремљ.

Освен тоа, турскиот претседател му го честиташе на Путин 72-от роденден.

Пред неколку дена заменик министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, го потврди учеството на турската страна на самитот на БРИКС во главниот град на Татарстан.

Турција официјално поднесе барање за приклучување кон таа организација, а за ова прашање се планира директно да се разговара на средбата во Казан.