Ердоган: Успехот на безпилотно летало ќе го достигнеме и со летачки автомобили

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека епохалните иновации на сите полиња – од вештачка интелигенција до сајбер безбедност – ќе се посеат и развиваат на Текнофест , најголемиот турски фестивал за авијација и технологија, објави Анадолија.

Во Газиантеп, Ердоган присуствуваше на доделувањето на наградите за учесниците на Текнофест , а по тој повод свечено беа отворени новоизградените комплекси на научни и технолошки работилници за млади во 30 турски провинции.

Обраќајќи им се на присутните, тој рече дека Текнофест стана глобален бренд и дека тоа е место и настан за сите млади луѓе кои сакаат да ги покажат своите таленти, знаења и вештини од областа на технологијата, вклучително и авијација, роботика и развој на ракети.

„Најважниот капитал во технологијата се продуктивните умови, а на Турција и требаат млади и успешни луѓе за да ги постигнат своите национални цели“, рече Ердоган.

Подигање на свеста за важноста на технологијата и науката

Тој потсети дека Турција не беше присутна во авијацијата пред неколку децении и додаде дека во изминатите години на напредок, државата напредуваше на сите полиња.

„Турција влезе во редовите на ретки земји во производството на беспилотни летала, а сличен успех ќе постигнеме и во производството на автомобили и летачки возила“, рече Ердоган.

Текнофест започна во четврток во Газиантеп и трае до утре.

Престижниот фестивал се појави како национален технолошки чекор напред кон трансформација на Турција во технолошки продуктивно општество. Целта на фестивалот е да се подигне свеста за важноста на технологијата и науката, да се зајакнат човечките ресурси на Турција кога станува збор за професионални и способни инженери и научници.

За време на фестивалот, се одржуваат разни натпревари за поддршка на работата на младите во областа на современите технологии. Се натпреваруваат повеќе од 20.000 тимови со повеќе од 100.000 регистрирани проекти од Турција и 84 други земји.