Еруптираше вулканoт Грејт Ситкин на Алјаска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Eруптираше вулканот Грејт Ситкин на Алјаска, а Геолошкиот топографски институт на САД прогласи црвен аларм поради овој феномен, јавуваат светските медиуми.

Ерупцијата траела неколку минути, а вулканот исфрлал пепел до висина од дури 4.500 метри.

Властите претходно предупредуваа дека вулканот може да се активира и дека е многу можно во атмосферата да се најде голема количина вулканска пепел.