Ескалираше ситуацијата на протестите за „Монструм“ (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Дневен хороскоп за вторник (9. март 2021)

ОВЕН Работа: Доколку сте заинтересирани за подобрување на финансиите, во смисла на добивање на кредит или пари од спонзори, најдобро...

Времето денеска претежно облачно со повремен дожд

Претежно облачно, на југ со сончеви периоди, а со повремен дожд претежно во северните делови од земјата. На планините...

Владата денеска одлучува – ќе има ли полициски час?

Владата денеска ќе донесе одлука во врска со предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час...

Eдноставна техника со која ќе ја ублажите болката кај бремените жени

Како што знаат повеќето жени, последните месеци од бременоста се тешки и болни. Со оглед на тоа што жената...

Меган: Членови на кралското семејство беа загрижени за бојата на кожата на Арчи

Сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл во нивното гостување во Шоуто на Опра Винфри, рече дека претставници на...

Членови на семејствата и поддржувачи на обвинетите во случајот „Монструм“ денеска одржуваат протест пред Oсновното јавно обвинителство. Во еден момент ескалираше ситуацијата на протестите, и незадоволството на семејствата на обвинетите во случајот.

Протестот започна во 13:30 часот од паркот во Чаир, а учесниците носат транспаренти и знамиња.

Протестот е поради незадоволството на семејствата на обвинетите во овој случај, откако Обвинителството во завршните зборови на последното судско рочиште побара највисоки казни за петкратното убиство на 12 април 2012 година кај Смилковското езеро, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.