Ескобар утре во мисија за уставните измени – Мицкоски: Тој е повикан од власта да врши тортура и притисок

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ со оценка дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ ниту сега а ниту по изборите има намера да ги изгласа уставните измени и со тоа да го продолжи патот за членство во Европската унија. Постојат два начина да се дојде до потребното мнозинство, истакна тој или ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија да одлучи да даде поддршка или кога тоа беше случај со Преспанскиот договор. Маричиќ со оценка дека не е убеден дека и по изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе го продолжи процесот на евроинтеграциите.  

„Нашата цел е да го завршиме тоа, идеално е со целосна поддршка на опозицијата и ние кон тоа целиме година дена, но не ми се чини, по она што го кажува лидерот на опозицијата, не ми се чини дека искрено сакаат ни сега ни по изборите. За после тоа да биде изговор, јас сум убеден дека ќе биде така, да биде изговор дека ВМРО-ДПМНЕ не може да гласа за уставните измени бидејќи во кампањата ветиле дека нема да гласаат под бугарски диктат. И потоа да влеземе во една заблуда дека е возможно да добиеме подобар договор и да чекаме, па тоа го кажа и лидерот на опозицијата“, вели Бојан Маричиќ.

Но утре, една недела по одржаната расправа за уставните измени, во земјава доаѓа високиот американски дипломат Габриел Ескобар, кој очигледно е во мисија да се постигне договор за усвојување на уставните измени. Покрај средбите со високите државни личности претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски, сепак вниманието најмногу ќе биде насочен на исходот од разговорите што ќе ги има со Мицкоски. Тој вели дека оваа посета е на барање од Влада да врши тортура и притисок.

„Посетата на Габриел Ескобар ја ценам како секоја друга посета. Тоа што сега се обидува власта посетата на господинот Габриел Ескобар да ја претстави како посета на условно кажано дипломатски булдожер кој што тука е повикан на помош од Владата да врши тортура и притисок тоа е веќе слабост на овие криминалци во Владата. Тортура и притисок во 21 век никој не врши, а и да вршат притисок и тортура тогаш одбрале погрешни соговорници“, порача Христијан Мицкоски.

Седницата за уставни измени е прекината од страна на претседателот на Собранието Талат Џафери се додека не се обезбеди потребното мнозинство за нивно изгласување. Опозицијата бара таа да продолжи потребата од измени на Уставот да бидат ставени на гласање.