Есмеров: Проблемот не е дали ќе бидат повеќе министри Македонци од Албанци, туку тоа што нема резултати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот амбасадор во Унгарија Игор Есмеров, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека главниот проблем во државата е што нема резултати, а не тоа дали на функција ќе бидат повеќе Албанци од Македонци, или обратно.

„Проблемот не е дали ќе бидат 11 Албанци и 10 Македонци, или 15 Македонци и 5 Албанци, туку проблемот е тоа што нема резултати“, рече Есмеров.

Тој додаде дека подгревање на национализам во овој момент никому не носи корист.

„Подгревање на национализам во овој момент никому не му треба, но тоа е во сиромашни држави каде има проблеми, и секогаш се поентира со национализам“, рече Есмеров.