ЕУ ги продолжи санкциите против Русија поради војната во Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска изјави дека шефовите на европските дипломатии се согласиле да ги продолжат санкциите против Русија поради војната во Украина.

„Ова ќе продолжи да ја лишува Москва од приходите за финансирање на војната. Русија треба да плати за штетата што ја предизвикува“, изјави Калас на мрежата „Икс“.

Таа претходно денеска изјави дека очекува санкциите да бидат продолжени.