ЕУ ја прошири листата на санкции против Белорусија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европската унија ја прошири низата санкции воведени против Русија, и во Белорусија, со што го забрани увозот на злато, дијаманти, јаглен, минерални производи, сурова нафта и хелиум од Белорусија во Унијата.

Европската унија, исто така, забранува превоз на стоки со возила регистрирани во Белорусија, вклучувајќи приколки и полуприколки. 

Унијата им забранува на европските компании да реизвезуваат стоки во Белорусија, доколку се работи за стоки што подлежат на одредени ограничувања на ЕУ.

Забранет е и транзит на стоки и технологија со двојна употреба преку Белорусија.