ЕУ ќе додели уште 1 милијарда евра за бегалците во Турција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европската унија донесе одлука годинава да додели уште една милијарда евра за помош на бегалците во Турција, најави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Претседателката на Евроспката комисија денеска во Анкара се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Средствата од 1 милијарда евра ќе бидат искористени за финансирање на здравствената заштита и образованието на бегалците во Турција, и ќе придонесе за управување со границите, вклучително и доброволно враќање на сириските бегалци во нивната татковина.