“ЕУ ЗА ТЕБЕ“ беше во Преспа. Ова е трета посета од низата посети на општините по почетокот на преговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија, во јули 2022. Целта на посетите е презентација на новите чекори во процесот на преговори за членство во ЕУ и нивното влијание врз секојдневниот живот на граѓаните како и новите инвестиции од страна на ЕУ. Евроамбасадорот Дејвид Гир најпрво го посети училиштето “Гоце Делчев“ а потоа општината на Преспа по кој повод се сретна со градоначалникот на оваа општина, општинскиот совет и невладините организации. Амбасадорот рече дека наскоро ќе се зголеми финансиската помош за Преспа вклучително и за земјоделците кои се занимаваат со производство на јаболка.
„ЕУ наскоро ќе ја зголеми финансиската помош во рамки на програмата на ЕУ за Преспа, главно таа ќе опфаќа неколку активности кои сметаме дека ќе започнат многу скоро> Овие активности опфаќаат отворање на границата и градежни работи за отворање на границата со Р. Грција како и прочистителни станици за отпадните води и менаџирање со цврстиот отпад, како и други активности кои ЕУ ќе ги преземе за промоција на туризмот и животната средина како и помош за разни бизниси кои се активни во овој регион“, вели Дејвид Гир.
Градоначалникот на Ресен рече дека го радува фактот што ќе бидат реализирани големи проекти заедно со ЕУ.
Посетата на амбасадорот на овој град продолжува со Преспанскиот сарај каде се запозна со историјата на неговата изградба од Ахмет Нијази Бег во 19 век.
На крајот на денот амбасадорот Гир учествуваше на дебата со граѓаните за да одговори на нивни прашања поврзани со европскиот пат на Северна Македонија како и за нивните маки и проблеми со кои се соочуваат жителите од овој регион.
