Иако пред третото коло Данска речиси беше отпишана, на крајот продолжи во 1/8 финалето од Европското првенство. Данците вечерва на својот „Паркен“ во Копенхаген, ја совладаа Русија со 4:1. На патот кон 1/8 финалето им „помогна“ и Белгија, која во Санкт Петербург ја совлада селекцијата на Финска.
Па така, Финска сега е третопласирана и ќе чека исход од другите групи.
Данска тргна фуриозно, и на полувремете имаше 1:0 со гол на Дамсгард. „Паркен“ експлодираше во 59. минута кога Пулсен донесе 2:0, но потоа „шок“ и гол на Ѕјуба од пенал за 2:1. Со таков резултат Данска падна на третото место. Меѓутоа Кристенсен со „бомба“ повторно ја оддалечи Данска на +2 гола разлика, а во финишот погоди и Меле за конечни 4:1. Победата ја посветија на Кристијан Ериксен, данскиот фудбалер кој доживеа срцев удар на мечот со Финска.
Потоа Данците го чекаа расплетот во Санкт Петербург. Таму Белгија со 2:0 го совлада составот на Финска со автоголот на Храдецки и со голот на Лукаку, со што им овозможија на Данците да се радуваат.
