ЕУРО 2020: Германија се „протна“, Франција и Португалија одиграа нерешено, Шпанија ја „растури“ Словачка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска се комплетираа натпреварите по групи на ЕУРО 2020, со што ги добивме сите осминафилисти.

Последни патници таму се селекциите на Шпанија, Шведска, Франција, Германија и Португалија.

Во „групата на смртта“, Португалија и Франција одиграа нерешено 2:2 во интересен и возбудлив натпревар, со што и двете селекции обезбедија место меѓу најдобрите 16 репрезентации. Роналдо од пенал ја донесе Португалија во водство, а израмни Бензема исто така од пенал за 1:1 на полувремето. Франција направи пресврт со голот на Бензема, а потоа Роналдо одново од пенал донесе „реми“.

Далеку поинтересно беше во Минхен, каде што Германија буквално се „протна“ во 1/8 финалето, откако Унгарија на два пати имаше водство. Во 11. минута Шалаи ги однесе Унгарците во водство, а потоа израмни Хаверц во 66. минута. Само што тргна од центарот, Унгарија повторно поведе преку Шефер. И Унгарците имаа 1/8 финале се до 84. минута кога Горецка со помош на среќата успеа да израмни, и да и донесе на Германија второ место во групата.

Во групата „Е“, Шпанија ја „растури“ Словачка со 5:0, и отиде во 1/8 финалето, но како второпласирана селекција, затоа што Шведска во вториот дуел ја совлада Полска со 2:1. Шпанците, конечно, покажаа реализација иако утнаа и пенал во првиот дел.