ЕУРО 2020: Италија и Велс во битка за првото место, Швајцарија мора да ја победи Турција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска се игра третото коло од групата „А“, со што ќе се знаат и официјално првите патници во 1/8 финалето. Италија, а се чини и Велс е веќе таму, само прашање е кој ќе биде првопласиран, а кој втор на табелата. Токму дуелот Италија и Велс ќе одлучат за првата позиција на табелата. Италија влегува со шест, а Велс со четири бода во пресметката во Рим. 

За третото место, и можност за 1/8 финале, Швајцарија мора да ја совлада Турција во Баку, и потоа да го чека расплетот од другите групи. Турција, пак, ниту со победа, се чини нема шанси да се пласира во следната фаза, со оглед дека има гол разлика од 0:6, и реално не може да се очекува дека ќе стори нешто повеќе, но може да им направи проблем на Швајцарците. 

Двата меча почнуваат во 18 часот.