Позната е разврската во групата „А“ каде што во 18 часот се одигра последното коло. Италија ја оствари и третата победа во групата и со гол разлика од 7:0 продолжува во следната фаза.
Песина ја донесе победата над Италијанците над Велс, меѓутоа Велшаните на крајот завршија на втората позиција и се пласираа во следната фаза поради подобрата гол разлика.
Со двата гола на Шаќири и еден на Сеферовиќ, Швајцарија со 3:1 ја совлада Турција, меѓутоа недоволно за второто место. Сеферовиќ во раната фаза, а потоа Шаќири зголеми на 2:0. Кавечи намали со прекрасен гол, но Шаќири стави печат на победата.
Сега Швајцарија ќе чека разврска од другите групи, за пласман во 1/8 финалето, но би требало да биде доволно за пласман меѓу најдобрите 16 селекции.
