Три крајно интересни натпревари има денеска на програмата на ЕУРО 2020. Оној првиот во 15 часот можеби ќе биде најнеинтересен, со оглед дека Франција не би требало да има проблеми да ја совлада Унгарија, и со тоа да обезбеди пласман во 1/8 финалето. Меѓутоа Унгарија, пак, ќе сака добар резултат за да остане „жива“ на ЕУРО.
Германија, пак, нема друг избор освен победа над европскиот првак Португалија, дуел кој се игра во 18 часот. Португалија со победа го визира пласманот во 1/8 финалето, и се чини дека ќе ја „спакува“ Германија, односно ќе ја елиминира, со оглед дека Германците останаа со нула бодови по првото коло откако загубија од Франција. Кристијано Роналдо е најсилниот адут за Португалците, додека Германците не се во најдобра форма.
Последниот натпревар за денеска е Шпанија и Полска, нималку интересен со оглед на случувањата во групата. Шпанците бркаат победа, со оглед дека направија „кикс“ со Шведска, меѓутоа Полјаците сигурно дека нема да сакаат да останат без бодови, откако шокантно беа поразени од Словачка во првото коло. Затоа и двата тима ќе одат на победа, и од тука се очекува интересен натпревар за Шпанија да направи чекор кон 1/8 финале, додека Полска ќе сака да ги оживее шансите за понатаму.
