ЕУРО 2020, второ полуфинале: Данска по реприза од 1992 година, Англија сака прво финале на ЕП

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Данска против Англија вечерва на Вембли ќе се сретнат во второто полуфинале на годинашното ЕУРО 2020 година, кое ќе биде историско и за Македонија, со учеството на истото за првпат на нашата репрезентација.

Англичаните важат за големи фаворити, со оглед дека и натаму немаат примено ниту еден гол на првенството, а на импресивен начин со победата од 4:0 над Украина стигнаа до оваа фаза. Згора на тоа играат на домашен терен на „Вембли“, а Данците ќе ја немаат поддршката од трибините.

Англија атакува на својот прв трофеј на Европските првенства, а сега, се чини е најголемата шанса за такво нешто.

Данска, пак, откако доживеа несакани моменти и несреќата со Кристијан Ериксен, се чини најдоа мотив да се пласираат меѓу најдобрите четири селекции. Токму преживувањето на Ериксен, и фактот дека е добро, беше „ѕвездата“ која ги водеше Данците до тука. Сега сакаат да одат и чекор понатаму – финале. Да го повторат ЕП во 1992 година кога неочекувано добија покана за учество на турнирот, и го освоија.