ЕУРО: Европската „класика“ за Франција, Португалија во финишот ја „скрши“ Унгарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дербито во првото коло помеѓу Германија и Франција кое се одигра во Минхен, го доби светскиот шампион Франција со 1:0 и тоа со автогол. Хумелс во 20. минута погоди во сопствената мрежа атрактивно, и донесе победа на Франција. Дуелот беше интересен, со шанси на двете страни, Франција потоа ја погоди стативата, два пати ја затресе мрежата, но ВАР им ги поништи головите.

Португалија се намачи во дуелот со Унгарија во Будимпешта, па мораше да го „крши“ отпорот во последните шест минути.

Имаа шанси Португалците, но никако не успеаја да погодат се до 84. минута кога Гереро постигна гол за 0:1, а потоа Кристијано Роналд со два гола донесе убедлив триумф од 0:3.