Педесет лица се евакуирани откако денеска се урнаа делови од зграда и скеле во австралискиот град Сиднеј.
10-катница во западниот дел на градот, која била планирана за уривање бидејќи станала нестабилна, делумно се урнала поради силните ветрови заедно со скелињата околу неа, соопштија денеска австралиските власти, пренесува ТВ каналот „7 News“.
Констатирано е дека превентивно се евакуирани околу 50 лица од околните згради и од непосредната околина.
