Евакуиран Мајк Пенс, го извадиле од зградата на Конгресот преку таен излез

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Како што пренесуваат американските медиуми, Мајк Пенс преку таен излез е евакуиран од Капитол (дом на американските конгресмени канцеларии).

Ова се случи откако демонстранти упаднаа во зградата на американскиот Конгрес. Тие го искршија полицискиот кордон, и упаднаа во зградата..

Во Конгресот треба да биде потврдена победата на Џо Бајден, а приврзаниците на Трамп го попречуваат процесот.