Елката на скопскиот плоштад „светна“. Градот, како што најави градоначалникот Петре Шилегов, ќе биде накитен, но прослава ќе нема.
Предновогодишната атмосфера во Скопје е во полн ек. Зголемен број на луѓе во вечерните часови може да се забележат на плоштадот „Македонија“ и во центарот на градот. Особено во викендите како денеска.
ТВ21 вечерва беше на скопскиот плоштад. Се чувствува предновогодишната атмосфера, но далеку од претходните години. Пандемијата на коронавирусот си го стори своето.
Поголемиот дел од граѓаните велат дека новата година ќе ја дочекаат дома. Такви се и препораките од здравствените власти: да нема групирања, и да нема дочеци кои би го загрозиле здравјето. Повеќе од мислењата на граѓаните можете да видите од прилогот на ТВ21, а еве и неколку фотографии од плоштадот и центарот на Скопје.








