22-рото Светско првенство во фудбал ќе започне во недела во 17 часот со натпреварот меѓу домаќинот Катар и Еквадор.
Официјалното отворање е закажано за околу 15:30 часот по средноевропско време, а целиот настан ќе се одржи на стадионот Ал Бајт во градот Ал Хор, кој е на околу 50 километри од главниот град Доха.
Ал Бајт може да прими 60.000 навивачи, а ќе биде домаќин на шест натпревари од групната фаза, вклучувајќи го и натпреварот меѓу Хрватска и Мароко, како и по еден меч од осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето.
Домаќините најавија голем број изненадувања за време на церемонијата, а јужнокорејската поп ѕвезда Јунг Кук од бој-бендот БТС ќе ја изведе Dreamers, официјалната химна на овој Мундијал, со катарскиот пејач Фахад ал Кубаиси.
Програмата од седум чина ќе ја водат уметници кои ќе се обидат да ја поврзат катарската традиција со светската култура, а во своите настапи ќе им оддадат почит на сите репрезентации кои ќе настапат на Мундијалот.
