Еве кои се најтоплите градови денеска – температурата стигна до 40 степени!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска е сончево и многу топло, со мала локална облачност.

Најтопли градови попладнево, според Управа за хидрометеоролошки работи, се Гевгелија, Велес и Демир Капија каде температурата достигна 40 степени.

По нив, следуваат и Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, Кавадарци каде измерени се 39 степени.

Најсвежо денеска е на Попова Шапка каде се измерени 23 степени.

28 степени се измерени во Крушево, 30 степени во Маврови Анови, Лазарополе, 32 во Охрид, Претор, 33 во Берово, 34 степени во Крива Паланка, 35 во Битола, Прилеп, 36 во Тетово и 37 во Виница.