Еве што ќе се случи со вашето тело ако престанете да се туширате секој ден

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Дневното туширање е исто толку вообичаено како и пиењето шолја утринско кафе или миењето заби, но тоа е навика која не би било лошо повремено да ја избегнувате, тврдат експертите.

Иако често слушаме дека во летните месеци се препорачува туширање еднаш дневно, додека во зимските месеци е доволно еднаш на два дена поради претерано сушење на кожата, не сите се согласуваат со овие препораки.

Некои експерти веруваат дека нашата кожа веќе има своја природна заштита во форма на себум кој го зачувува здравиот сјај и pH вредноста, па затоа најдобро е туширањето да се намали на минимум.

Што велат експертите?

„Кога станува збор за здравствените придобивки, докажано е дека секојдневното туширање не помага многу. Всушност, податоците ни кажуваат дека туширањето еднаш или повеќе дневно може да има дури и несакани последици“, изјави докторот и професор Роберт Шмерлинг за Hella Health.

“Пречестото миење на кожата ја отстранува природната заштита која се наоѓа на површината, како и здравите бактерии кои помагаат да се зачува убавината на кожата. Потоа се појавува чувство на чешање, иритација и црвенило. Ова е особено случај кај постарата популација, бидејќи нивната кожа станува потенка и помалку хидрирана со возраста, и почувствителна на надворешни стимули. Сувата кожа е поподложна на влијанието на бактериите, но и на алергиски реакции, кои иако тоа не се чести, може да бидат многу опасни на здравјето“, објаснува тој.

Исто така, некои лекари тврдат дека на човечкиот имунолошки систем му треба одредена количина на изложеност на микроорганизми и бактерии за да создаде заштитни антитела, а честото туширање го спречува тоа да се случи. Освен тоа, луѓето се повеќе склони кон астма, автоимуни болести, дури и дијабетес, пишува Hella Health.

„Вашето тело е природно добро подмачкана машина, па воопшто не треба да се туширате секој ден“, советува дерматологот Брендон Мичел, кој наместо тоа предлага да се туширате еднаш или двапати неделно. Тој исто така наведува дека најдобро е да се туширате со млака вода. бидејќи топлата вода, исто како и честото туширање, доведува до сушење на кожата.

Ако почнете да ги следите овие совети, експертите гарантираат дека ќе имате подобро здравје, а во исто време, вашата кожа ќе биде хидрирана, поотпорна и посветла.