Евролигата ги промени правилата – еве какви се новите измени за одложување на натпревар за време на пандемија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Регистрирани 190 нови случаи на Ковид 19 – починати се 6 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи...

Бројот на жртвите од земјотресот во Индонезија се искачи на 82

Индонезиските спасувачи извлекоа повеќе тела од урнатините на куќите и зградите уништени од силниот земјотрес денес, а бројот на...

Руски брод потона кај Турција: Двајца загинаа, 5 спасени морнари! (ВИДЕО)

Најмалку пет лица беа спасени, а две загинаа откако 13-член руски товарен брод потона денес покрај брегот на турската...

Хорор во Крапош: Ја заклучувал малолетната ќерка – МВР упадна во станот

На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен...

Тешка кражба во скопски трговски центар – МВР приведе две лица

На 16.01.2021 во 14.00 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош лишиле од слобода две малолетни лица...

Раководството на кошаркарската Евролига одобри измени во правилата за одложување на натпреварите во врска со пандемијата на коронавирус, пренесоа од организацијата.

Сега, во случаи кога некој тим не може да собере осум играчи во почетната постава или е во карантин поради позитивни тестови на коронавирус, натпреварот може да се одложи три пати. Само ако тоа не е можно или кога ќе се постигне максимален број на одложувања, клубот што довел до промена на програмата, ќе запише службен пораз.

Претходно, овие правила важеа само за натпревари што не можеа да се играат поради ограничувања за патување воведени од локалните власти.

Натпреварите од регуларниот дел од сезоната во Евролигата не можат да бидат презакажани за датуми по 13 април 2021 година, а натпреварите во плејофот – по 5 мај 2021 година. Истите правила важат за натпреварите во Еврокупот.

Натпреварите од регуларната сезона на вториот најсилен турнир не можат да се играат подоцна од 22 декември, а натпреварите од Топ 16 – подоцна од 23 февруари 2021 година.

Новите правила ќе имаат ретроактивно дејство врз сите веќе применети одлуки во врска со сезоната 2020/2021, што овозможува откажаните натпревари да бидат презакажани од управата на Евролигата. До почетокот на сезоната четири натпревари од Евролигата и три од турнирот „Еврокуп“ се одложени.

Измените во посебната регулатива беа донесени по заедничката дискусија на Здружението на играчи и Управниот одбор на Евролигата. Ажурираните правила ќе бидат вклучени во Статутот за периодот 2020/2021 и ќе бидат објавени во наредните денови.