Европска слободна алијанса (ЕФА) со едногласно усвоена декларација со која бара Бугарија да се извини за злосторствата врз македонското малцинство за време на комунистичкото владеење и неговата асимилација.
ЕФА е составена од европски партии, што претставуваат региони, малцинства, народи без држава и движења што бараат поголема самоуправа, културни права и заштита на јазичката и идентитетската различност во Европа.
Од ЕФА бараат Бугарија да ги спроведе 14-те случаи кои се однесуваат на македонското малцинство, а кои ги изгуби пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Во декларацијата се посочува дека и макеоднското малцинство во Бугарија се соочува со сериозна криза на човековите права во рамките на земјите од ЕУ.
Целата декларација на ЕФА може да ја видите на следниот ЛИНК.
