Европската комисија (ЕК) денеска соопшти дека го прифатила планот на кинеската платформа за интернет-трговија „Тему“ за усогласување со Законот за дигитални услуги (ДСА) и за сузбивање на достапноста на нелегални производи на интернет.
Планот опфаќа пет мерки за отстранување на утврдените недостатоци во почитувањето на прописите, се наведува во соопштението.
„Тему“ ќе спроведе процена на ризиците специфични за својата платформа и ќе користи сигурни показатели за да ја оцени ефикасноста на мерките за намалување на ризикот од ширење нелегална содржина.
