Европската комисија објави кои земји ќе можат да патуваат во ЕУ по 1. јули, за Македонија нема одлука

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На состанок во Брисел, Европската комисија донела одлука за кои земји ќе биде дозволен влез во ЕУ после 1. јули, пренесува „Еуроњуз“.

За македонските граѓани и натаму нема одлука, односно на мапата ниту е обележана со зелено, што означува ДА, ниту со црвено, што означува дека нема да биде дозволен влез во ЕУ.

Се очекува одлука да има во следните денови за граѓаните на Северна Македонија дали ќе им биде дозволено да патуваат во земјите од ЕУ зоната откако ќе се отворат границите на 1. јули.

Граѓаните на Србија, БИХ, Косово, Турција и Албанија можат во ЕУ после 1. јули, додека не можат од Русија, САД и Бразил.

Северна Македонија денеска ги отвори сите граници без ПЦР тестови и без задолжителни карантини.