Европски ден за територијална соработка – „РСМ и Албанија што поскоро да се приклучат на ЕУ“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

150 учесници од различни профили се собраа во Корча, Албанија за да го одбележат Европскиот ден за територијална соработка. Главната цел се придобивките од имплементација на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу двете земји финансирана од Европската Унија. Главниот фокус пак е идентификување на можностите за развој на туризмот, унапредување на соработката во прекуграничната област помеѓу Северна Македонија и Албанија, како и промовирање на резултатите од проектите што се дел од  прекуграничната програма на ЕУ.

„Прекуграничната соработка е многу важна за ЕУ интеграцијата. Дури и порано земјите членки на ЕУ започнаа многу порано со меѓуграничка соработка и сакам овие две земји Северна Македонија и Албанија да ни се придружат што е можно поскоро во ЕУ. Затоа од клучно значење е прекуграничната соработка“, истакна Лујџи Сорека.

„Како што рече амбасадорот, ако прошетате по овој коридор на саем ќе видите практини корисни работи од прекуграничната соработка, со поддршка на ЕУ. Покажуваме начини како се работи заедно и така се соочуваме заедно со предизвиците, искористувајќи ги заедничките потенцијали. Секако, важен момент во процесот на ЕУ интеграцијата е обезбедување на придобивки за луѓето кои што живеат во овие земји. Затоа сум среќен што можат да го проследам успехот на РСМ и Албанија и на ЕУ во нивната заедничка соработка“, додаде Дејвид Гир.

Европскиот ден за територијална соработка се одбележува секоја година низ Европа и надвор од нејзините граници. Тоа претставува можност за локалните заедници и креаторите на политиките да бидат сведоци на важноста на територијалната соработка. Ваквите настани покажуваат како проектите за прекугранична соработка ги намалуваат пречките, а во исто време го зголемуваат културното разбирање и ефикасност помеѓу европските региони. Досега реализирани се пет проекти, дел од ИПА програмата за прекуграничка соработка меѓу двете земји. Јовица Пауноски, ТВ21, Корча, Албанија.