Европски посредници не се потребни, Рим и Ватикан како пресвртница во односите Скопје-Софија?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нема потреба помеѓу Скопје и Софија да посредуваат европски посредници. За вакво нешто ќе ни треба преведувач. Ова го порача претседателот на Бугарија, Румен Радев по заедничкото оддавање почит на Светите браќа Кирил и Методиј. Се чини дека Рим и Ватикан ги смири тензиите и ги омекна двајцата претседатели. Иако не може да се очекува некакво чудо наскоро, за деблокада на Северна Македонија од страна на Бугарија, сепак Радев уверува дека нивната страна работи на подобрување на односите.

„Денес можам да ве уверам дека Бугарија е подготвена да работи на градење мостови меѓу двете земји, за развивање на економските, образовните, трговските и културните врски и за најважното, за зближување на двата народа“, посочи претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Претседателот Пендаровски, пак, порача дека напредок и прогрес е возможен само ако во дијалог веруваат двајца рамноправни соговорници, без потценување, со меѓусебна почит.

„Тоа што сме денеска заедно со Радев не е случајно. Ова се случува по прв пат, не заедно чествуваме, туку на највисоко политичко ниво сме претставени заеднички двете држави. Сакаме да покажеме дека и на Балканот има луѓе, политичари кои може да зборуваат со европски јазик, кога зборуваат за нашите актуелни теми и предизвиците, но и за иднината. Во изминатите два дена во колегата Радев најдов соговорник со кој можам да разговарам на ист јасик. Не зборувам за мекедонски и бугарски јазик, туку за европски јазик. Кој единственои мпже да донесе подобра и посреќна иднина за нашите држави и нашите два народи“, истакна претседателот на РСМ, Стево Пендаровски.

Радев и Пендаровски заедно се во Рим и Ватикан да оддадат почит на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј. Во средата Радев со бугарскиот авион слета во Скопје за да ја земе и македонската делегација. Ова се толкува како можност за одблокирање на преговорите помеѓу двете страни, но и позитивни сигнали пред јунскиот самит на Советот на Европа. Сепак, преголема надеж за добивање датум не треба да има.