Европски совет: Гугл и Епл треба да платат милијарди евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европскиот суд донесе две пресуди против техонолошките гиганти Гугл и Епл, а судиите потврдија казни. Гугл ќе треба да плати 2,4 милијарди евра, а Епл 13 милијарди заостанати даноци.

Епл во спорот со Комисијата за ЕУ доживеа конечен пораз, и ќе треба да плати 13 милијарди евра за заостанати даноци. Судиите во Луксембург ја отфрлија претходната пресуда која беше во корист на Епл, и пресудија во корист на ЕУ.

Според Европската комисија, Ирска, каде што е седиштето на Епл, му одобрила на производителот на Ајфон непрфиатливо ниска даночна стаопка од само 0,005%. Ова ги прекршува насоките за државна помош на меѓународната зедница. Во 2016 година властите на Брисел наложија Епл да плати 13 милијарди евра даноци плус камата.

Во друга пресуда, судиите во Луксембург одлучија дека Гугл мора да плати казна од 2,4 милијарди евра изречена од Комисијата на ЕУ во 2017 година. Така, ЕС ја потврди соодветната пресуда од претходната инстанца, Судот на Европската унија.

Казната е изречена затоа што Гугл ја ставил сопствената услуга за споредба на цените на врвот на резултатите од пребарувањето и, според Комисијата, на таков начин ја злоупотребил својата доминантна позиција. Судот на ЕУ ја потврди казната во ноември 2021 година. Спротивно на тоа, Гугл и матичната компанија Алфабет се обратија до ЕС – но сега изгубија.