Раководството на СДСМ сè уште нема конечна одлука дали на изборите на 8 мај ќе настапат сами или во коалиција со ДУИ. Оливер Спасовски во емисијата 10 минути на ТВ21 рече дека внатре во партијата се прават последните анализи.
Овие анализи на СДСМ и другите партии можат да доведат до два европски фронта. Како што знаеме, Демократската унија за интеграција го отвори и европскиот фронт и ги повика албанските партии да се приклучат на овој фронт. Големи се шансите двете коалициски партии ДУИ и СДСМ да се натпреваруваат одделно на изборите. Но, конечната одлука ќе зависи и од одлуката на Алијанса за Албанците, која се уште не може да одлучи дали на избори ќе оди со европскиот фронт или со опозицискиот фронт.
Елми Азири од оваа партија, пред неколку дена во Клик Плус изјави дека АА е многу разочарана од претходните коалиции, па затоа ќе бидат внимателни во следната одлука.
Елми Азири: Да, точно е, Алијансата за Албанците е разочарана од досегашните коалиции. Таа се жртвуваше, свесно, субјектот..
-Да правиме компромиси со тие што коалицираат..
Азири: Да се постигне резултат од целта што сме ја имале. Но, многу сме разочарани од последователните дејствија што се случуваа од страна на субјектите со кои коалициравме.
Опозициската коалиција досега ја сочинуваат три партии, Алтернатива, Движење Беса и Демократско движење. Поддршка имаат и од Самоопределување на Косово, но тоа не се јавува како политички субјект во Македонија.
Инаку, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, како нов претседател на политичката партија „Нова Алтернатива“ рече дека ќе учествува на претстојните избори и ќе биде отворена за секаков вид коалицирање.
