Европскиот суд ја казни ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европскиот општ суд за првпат пресуди дека Европската комисија мора да плати компензација бидејќи не ги почитувала сопствените прописи за заштита на податоците.

Судот утврди дека Комисијата ги префрлила личните податоци на германски државјанин во Соединетите Американски Држави без соодветна безбедносна заштита и му наложи на главниот извршен орган на Унијата да му плати отштета од 400 евра.

Германскиот државјанин ја искористил опцијата за најава на Фејсбук за да се регистрира за конференцијата на веб-страницата на Европската унија.

Судот, кој се занимава со случаи против европски институции, утврди дека преносот на IP адресата на корисникот на американската компанија Мета платформи, која е во сопственост на Facebook, ги прекршила европските правила за заштита на податоците.

Европската општа регулатива за заштита на податоците (GDPR) се смета за еден од најсеопфатните и најстроги закони за приватност на податоците во светот.

Големите компании како Klarna, Meta, LinkedIn и други се соочија со високи казни од Европската Унија поради непочитување на правилата GDPR.