Нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев со композицијата „Here i stand“ ќе настапи шестти по ред во првото полуфинале, кое ќе се одржи на 18 мај во ротердамската Ахој арена.
Овој настан беше откажан минатата година, но оваа година Холандската влада донесе одлука истиот да се одржи под строги протоколи поради пандемијата од ковид-19.
Настанот ќе се случи од 18, до 22 мај, а според најавите салата ќе биде полупразна, односно ќе се дозволи само 3.500 лица да присуствуваат на изборот на песна на „Евровизија“
Лицата кои ќе сакаат да бидат дел од настанот во арената ќе треба да покажат задолжителен негативен тест за ковид-19.
