Еврозоната во декември забележа суфицит од 15,5 милијарди евра во стоковата размена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според првите прелиминарни проценки, еврозоната во декември забележа суфицит од 15,5 милијарди евра во стоковната размена со остатокот од светот, објави денеска Евростат.

Вредноста на извозот на стоки од еврозоната во остатокот од светот во декември 2024 година изнесува 226,5 милијарди евра, што претставува раст од 3,1 отсто на годишно ниво, додека увозот во исто време е зголемен за 3,8 отсто на годишно ниво на 211 милијарди евра.

Минатата година еврозоната забележа трговски суфицит од 176,9 милијарди евра, што е значително поголем од 2023 година, кога изнесуваше 57,4 милијарди евра, соопшти Евростат.