Старо е повеќе од 1 милион години! Се смета за најстарото езеро во Европа. Охридското Езеро денеска има свој ден, 21 јуни, кога и официјално се отвора туристичката сезона. Датумот одговара и на денот кога на езерото се вршеа археолошки истражувања. Научниците се изненадени од тоа како овие води чуваат многу вредно археолошко наследство.
„Главната цел од археолошки аспект да се утврди староста, од кога датира најстарата наколна населба на Охридското езеро, која е најмладата и може да кажеме дека најстарите досега откриени пронајдоци датираат од 500 година п.н.е. а најмладите од 800 или 700 година п.н.е.“ вели Алберт Хафрен професор на Универзитетот во Берн.
Меѓународниот тим археолози, под раководство на Универзитетот во Берн, работат во локалитетот Врбник. Веќе две години истражуваат.
„Но природното и археолошкото богатство се убавите работи. На Охридското Езеро се случуваат многубројни лоши нешта. Во последниве 30 години во ова езеро се испушта фекална и атмосферска канализација, се прават дивоградби, се окупираат плажи и покрај препораките на УНЕСКО за зачувување на вредностите и автентичноста. Од организацијата „Фронт 21/42“ велат дека езерото полека се уништува“, вели Славица Бабанова директорка на Археолошки музеј.
„Во име на „развој“ акцентот и понатаму е на урбанизација и на она малку од брегот што е останато недопрено, сега под етикетата на „контролирана урбанизација“ која е „во согласност со Планот за управување со Охридскиот Регион“, се носат закони за заштита кои во суштина обезбедуваат терен за понатамошно уништување, како тој за Студенчишко Блато, за легализација на дивоградбите, велата од невладината Фронт 21/42.
Деновиве нивото на водата во многу езера и реки во земјава е намалено. Од Управата за хидрометеоролошки раноти информираат дека нивото на Дојранското Езеро е намалено за два сантиметри, додека за 1сантиметар на Охридското Езеро. Но, нивото на Дојранското Езеро е за 2,56 метри повисоко од повеќегодишниот просек за јуни. За разлика од нив, нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просечните за два сантиметри.
