Скопската полиција приведе 32-годишен скопјанец кој се сомничи дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди во различни делови на градот.
Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.П. (32) од Скопје на подрачјето на општина Гази Баба.
Тој се сомничи дека кражбите ги извршил на подрачјата на општините Аеродром, Центар и Кисела Вода.
При постапувањето, од него биле одземени вкупно 12 велосипеди кои, како што информираат од полицијата, биле украдени од различни локации. Дел од велосипедите веќе биле вратени на нивните сопственици.
Од ЕВР Аеродром и Драчево информираат дека по целосното документирање на случаите против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
