Езерски струи во Дојранско езеро! Пливач барал помош за спас

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 112 во ЦУК околу 16.30 часот е барано помош за лице коешто пливало во езерото заради лошото време со ветер, бранови и езерски струи кај месноста „Калдрма“ во Дојранско Езеро. Лицето е пронајдено живо од страна на полициски службеници од ПС Дојран. Конкретно од СВР Струмица известија дека лицето испливало до брегот во близина на грчката граница. Истото од таму е земено од страна на припадниците од МВР и е надвор од животна опасност. Инаку, полицајците од ПС Дојран со чамец на концесионерот на езерото беа излезени на теренот при силен ветер и бранови и вршеа пребарување на Дојранското Езерото на местото каде што било забележано лицето. ДЗС немаше чамец на Дојранско Езеро.